И покрај тоа што претходно беше најавено дека Томас Тухел најверојатно ќе остане тренер на Баерн Минхен, сепак денеска самиот официјално информираше дека заминува од клубот.
На денешната редовна прес-конференција Тухел истакна дека таа е и последна за него како тренер на Баерн Минхен, откако не успеал да постигне договор со раководството на баварскиот клуб за продолжување на соработката.
„Ова е моја последна прес-конференција како тренер на Баерн. Имавме разговори, но не постигнавме договор, па одлуката од февруари за мое заминување останува“ – рече денеска Тухел.
Баерн Минхен ја продолжува потрагата по нов тренер, за што се спомнуваат неколку имиња.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА