Тулуз го изненади ПСЖ во претпоследното коло од француското првенство славејќи со 1-3 на гостувањето на „Паркот на принцовите“ и тоа на специјалната вечер посветена на Килијан Мбапе кој го одигра последниот натпревар на овој стадион во дресот на славниот француски клуб.
Мбапе на збогувањето со навивачите стреалеше во 8. минута од средбата, но предноста на ПСЖ траеше само до 13. минтуа кога Далинга изедначи на 1-1. Гбохо со гол во 68. минута се погрижи за целосен пресврт, а конечните 1-3 ги постави Магри со гол во 95. минута.
Фудбалерите на Монако и Лил пак ја потврдија фаворитската улога во дуелите со аутсајдерите Монтпелије и Нант славејќи со 2-0, односно 2-1. Овој триумф е далеку позначаен за Лил кој води битка со Брест за директен пласман во Лигата на Шампионите.
Во остнатите натпревари: Клермон – Лион 0-1 ; Марсеј – Лориен 3-1 ; Рен – Ленс 1-1 ; Стразбург – Метс 2-1
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА