Репрезентациите на Тунис и на Словенија, кои се противници на Македонија на претстојното Светско Првенство, претрпеа порази на неколку дена пред стартот на мундијалот во Франција.
Тунижаните, со кои нашите ракометари ќе се сретнат во првото коло на 12 јануари, беа целосно надиграни и заслужено загубија од Хрватска со 35-30. „Коцкестите“ со огромна леснотија наоѓаа лек за одбраната на африканските вицешампиони, рано поведоа со 8-5, а се што направи Тунис беше израмнувањето на 9-9. Следеше серија од четири гола на Хрватите, на одмор се замина со резултат 20-14, а „коцкестите“ го контролираа резултатот до самиот крај за рутинска победа од пет гола разлика. Буганми со девет гола беше најефикасен кај Тунис, пред Саид со пет, додека Ваел Жалуз постигна само три погодоци. Најдобри поединци кај Хрватска беа Штрлек и Мандалиниќ со по четири погодоци.
Словенија претрпе пораз и на вториот контролен меч со Франција. Ако во првиот дуел одлично им парираа на светските прваци, Словенците овојпат потфрлија, му дозволија на противникот целосно да доминира, па „триколорите“ рутински славеа со 33-26 (17-13).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА