Селекцијата на Тунис остана без селектор откако досегашниот предводник Сами Трабелси доби отказ по поразот од Мали во осминафиналето на Купот на Африкански Нации, официјално објави локалната фудбалска федерација.
Одлуката е донесена со взаемен договор. 57-годишниот Тунижанец го напушта стручниот штаб, а заедно со него заминуваат и останатите челнови на стручниот штаб.
Тунис заврши втор во групата Ц со четири бодови по три меча, а во осминафиналето беше поразен од Мали со 3:2 на пенали (1:1 во регуларниот дел), по што отказот беше неизбежен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

