Тур де Франс ќе се вози и во Словенија?

Во 2028 или 2029 година Словенија би можела да биде домаќин на големиот старт на легендарната велосипедска трка Тур де Франс.

Според информациите, организаторите на трката се подготвени да разговараат за домаќинство со Словенија, но прво бараат писмо со потврда од владата на оваа земја.

Гранд Старт е симбол на најважната велосипедска трка во светот, а за прв пат се одржа надвор од Франција во 1954 година, кога Амстердам беше домаќин.

Во последните години беше вообичаено првите три етапи од оваа легендарна трка да бидат надвор од Франција. Претходните три години домаќини беа Данска, Шпанија и лани Италија.

Еден од најпопуларните спортови во Словенија е велосипедизмот, а победник на минатогодишниот Тур де Франс е Словенецот Тадеј Погачар.

Се вчитува...