Кефрен Турам ја игра својата втора сезона во дресот на Јувентус и воопшто не размислува за менување на клупските бои. Медиумите во Италија и во Франција најавија дека Јуве добил неколку понуди за квалитетниот играч за врска, но Турам јасно стави до знаење дека не е заинтересиран за такво нешто.
За Јувентус своевремено настапуваше неговиот татко Лилијан Турам, а Кефрен е горд што чекори по негови стапки.
„Може да се пишува се што се сака, но ја сум среќен во Јувентус и ништо друго не ме интересира. За мене тоа е најголемиот клуб во Италија, еден од најдобрите во светот. Јуве е стил на живот, кога си овде мораш да се однесуваш по највисоки стандарди, тоа е многу важна разлика во однос на сите останати клубови. Пресреќен сум што сум во клубот со кој татко ми победуваше, се надевам дека наскоро и јас ќе почнам да освојувам трофеи во црно-белиот дрес. Toa e мојот сон“, истакнува Кефрен Турам.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

