Интер на гостински терен го совлада тимот на Торино со 0-3 и се искачи на првото место на табелата, барем до утрешното дерби во кое Милан ќе игра против Јувентус.
Интер имаше големи проблеми во мечот со Торино, и реализираше дури во вториот дел. Во 59. минута Турам го отвори резултатот, а Лаутаро во 67. минута зголеми на 2-0, а Чалханоглу од пенал во судиското надополнување ги постави конечните 0-3.
Интер дојде до седмиот триумф во Серија „А“, додека Торино го запиша четвртиот пораз. „Нероазурите“ и натаму се без пораз и без примен гол на гостувањата во италијанскиот шампионат сезонава.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

