Интер загуби нови значајни бодови со поразот од Јувентус, а дполнителнителна главоболка на тренерот Инзаги му создава повредата на Маркус Турам, одличниот голгетер кој ќе мора одново да мине извесен период надвор од терените.
Французинот се повреди на гостувањето против Фиорентина, по што не беше стартер на деребито со Јуве. Стручниот штаб на Интер се надеваше на брза рехабилитација, но тоа не се случи, па Турам се уште се нема приклучено на тренинзите со остатокот од екипата.
Информациите од Италија говорат дека голгетерот сигурно ќе го пропушти следниот дуел против Џенова, а лекарскиот тим интензивно ќе работи на негова рехабилитација за големото дерби со Наполи. Откако Тареми целосно потфрли против Јувентус, се очекува шанса од првата минута со Џенова да добие Арнаутовиќ, како партнер на капитенот Лаутаро Мартинез.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

