Големата резултатска криза на Интер и трите порази во низа се поклопија со отсуството на Маркус Турам, чие неиграње остави силна трага врз резултатите на актуелниот првак на Италија. Впрочем, „нероаѕурите“ не постигнаа ниту еден гол на овие три средби (0-1 со Рома, 0-3 со Милан, 1-0 на гостувањето во Болоња), па затоа е исклучително важно што Турам конечно ги надмина проблемите со незгодната повреда и дефинитивно ќе патува со тимот на Интер за утрешното гостување против Барселона во полуфиналето од Лигата на Шампионите.
Лекарскиот тим ја заврши работата, па Турам не само што ќе биде со екипата, туку речиси сигурно и ќе стартува од првата минута, во обид да даде свој придонес за Интер да стигне до што подобар резултат пред реваншот во Милано.
Французинот досега има три гола на 11 настапи во Лигата на Шампионите за Интер оваа сезона, но последните два беа исклучително важни, против Феенорд трасирајќи ги „нероаѕурите“ на патот до четвртфиналето од елитното европско натпреварување.
Лоша вест за тренерот Инзаги е што важниот дефанзивец Павар дефинитивно ќе го пропушти утрешниот дуел со Барселона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

