Маркус Турам го одигра својот најдобар меч во дресот на Интер откако францусиот ас блесна токму на големото дерби против Милан што „нероаѕурите“ го добија со преубедливи 5-1.
Турам го креираше првиот гол за својот тим, а потоа го постигна и вториот, вистинско ремек-дел што заврши во горниот агол од голот на „росонерите“.
„Тој момент ќе го паметам цел живот… преполн стадион, градско дерби и мојот гол. Додавањето од Дафрис во контранападот беше малку долго, но кога ја стигнав топката бев еден на еден со мојот чувар и решив да се обидам да шутирам. Се излезе најдобро, топката заврши во мрежата, а потоа следеше оној врисок од трибините, она огромно славје, тоа се работи што не се забораваат“, изјави Турам.
⚽️ 🇮🇹 GOAL | AC Milan 0-2 Marcus Thuram ⚫️🔵
Marcus Thuram smashes it in the top corner. 👏🏾 👏🏾 #ForzaInter #DerbyMilano pic.twitter.com/PYwk1FDIVl
— Naz (@SardonicSpin) September 16, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

