Маркус Турам се врати по повредата и веќе во првата минута постигна спектакуларен гол за Интер, најавувајќи го спектакуларниот меч со Барселона што заврши без победник, 3-3.
Најдобар поединец на теренот беше Ламин Јамал, 17-годишниот Шпанец беше незапирлив за дефанзивците на Интер, но Турам јасно стави до знаење дека според него, шпанскиот тинејџер не треба да се гледа како најдобар фудбалер во светот во моментов.
„Јамал одигра одличен меч, но жалам, тој дефинитивно не е најдобар фудбалер во светот. Всушност, не е ни меѓу двајцата најдобри. Првите две места се за француски фудбалери, Усман Дембеле и Килијан Мбапе. Дури после нив следи Јамал“, истакна Маркус Турам.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

