Алваро Мората, и дефинитивно, по само шест месеци го напушта Милан и денеска потпишува за Галатасарај.
Станува збор за позајмица, со опција за продолжување на уште една година, согласно утврдена откупна клаузула. Двата клуба постигнаа начелен договор, а останува само да се завршат деталите пред официјалната промоција.
Мората им се приклучи на „росонерите“ минатото лето и ова е навистина изненадувачко заминување, како и изборот на нова средина. Капитенот на шпанската репрезентација постигна шест гола на 25 натпревари за Милан во сите натпреварувања изминативе шест месеци.
Во текот на кариерата ги носеше и дресовите на Реал Мадрид, Јувентус, Челси и Атлетико Мадрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА