Талентираниот голман на Милан и италијански репрезентативец, Џанлуиџи Донарума, води преговори за нов договор со клубот од „Сан сиро“, а тоа предизвика градска револуција и меѓуклупски несогласувања. Агентот Мино Раиола, еден од најпознатите фудбалски менаџери, кој важи за бескрупулозен кон клубовите, направи сензационален потег и откако не доби услови кои ги посакуваше за голманот од Милан, најави дека ќе отпочне преговори со градскиот ривал Интер.
„Дали сте заинтересирани за Џанлуиџи откако ќе му заврши договорот со Милан?“, е пораката што Раиола ја испратил до раководството на Интер.
„Нероаѕурите“ секако дека го посакуваат во своите редови еден од најталентираните италијански голмани во последните неколку децении, но тоа секако би предизвикало и бура од реакции кај градскиот ривал. Сепак, Мино Раиола гледа да извлече најдобри услови за својот клиент, но и за себе. Тој само од Пол Погба и неговиот трансфер од Јувентус во Манчестер јунајтед заработи 30 милиони евра провизија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА