Турчинот Дикец ја откри тајната на својата смиреност, всушност ништо не е така како што се чини (ФОТО)

Турскиот олимпиец, 51-годишниот Јусуф Дикец и тоа како го привлече вниманието на светската спортска јавност со својот мирен став, ладнокрвност но и прецизност на турнирот во стрелаштво на кој го освои сребрениот медал.

Тој дојде до медал не користејќи никаква специјална опрема, која ја користат другите стрелци, а значителна спротивност беше од олимпијката на Јужна Кореја која изгледаше како „робокоп“ на натпреварувањето.

Сега Дикец се одлучи да објасни зошто не користи било какв помагала, и зошто при пукањето ги држи двете очи отворено, што е нешто неверојатно кога се работи за стрелаштвото.

„Со оглед на тоа што пукам со двете отворени очи, опрема и не ми е потребна. Верувам дека е важно да се истакнува својот талент“ – вели Дикец кој потврдува дека и неговата смиреност е привид.

„Можеби се чинам мирен, но во себе се борам со олуји и факт е дека сите се трудиме тоа да не биде видливо. За нас беше навистина мотивирачки и глобалниот интерес кој се пројави за турското стрелање. Не очекував дека толку многу ќе ми се восхитуваат во светот. Сето тоа ме изненади, и ме израдува“ – дополнува Дикец.

Се вчитува...