Турчинот ја има една од најдобрите одбрани во историјата на Европските првенства (ВИДЕО)

Турскиот голман Мерт Гунок е скриениот јунак на Турција за пласман во 1/8 финалето. Иако Мерих Демирал постигна два гола, сепак, Гунок се покажа како херој во финишот, откако во 95 минута му одбрани повеќе од зицер на Баумгартнер.

Австриецот со глава од 4-5 метри веќе го совлада Гунок, но овој со чудна одбрана успеа да избие во корнер, што на крајот ќе се покаже како клучна, затоа што Австрија ќе израмнеше. Оваа одбрана на Гунок е една од најдобрите не само на ова, туку на сите Европски првенства досега.

Уживајте во одбраната на Гунок со турски коментатор:

Се вчитува...