Турчинот Јазичи ново засилување за Шкупи

Maкедонскиот фудбалски прволигаш Шкупи објави дека постигнал договор со турскиот дефанзивец, Емир Јазичи во следните две години.

Станува збор за 22-годишен фудбалер, кој бил дел од младинската школа на Трабзонспор, а до неодамна настапувал за екипата на Кушадасиспор. Јазичи ги помина сите возрасни групи во Трабзонспор, додека за прв пат на 19-годишна возраст беше префрлен во Карагумрук.

Во кариерата имаше играно и за неколку други екипи во Турција, додека трансферот во Шкупи ќе биде прв за него надвор од татковината.

Се вчитува...