Шкупи денеска го реализираше третиот трансфер во овој зимски преоден рок. Станува збор за голманот Јавуз Ајгун, кој бранел во неколку турски клубови.
28-годишниот Ајгун доаѓа од тимот на Коњаспор, од каде дојде и Емир Јазичи. Првите чекори Ајгун ги направил во турскиот гигант Трабзонспор, каде дебитирал во турската Супер-лига во 2016 година.
Потоа бил дел од Гезтепе, Ордуспор, Болуспор, Карагумрук и Испарта. Договорот со голманот е на 2,5 години.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА