Туре: ФИФА ништо не презема во врска со расизмот

Поранешниот фудбалер на Барселона и Манчестер сити, Јаја Туре вели дека му пречи тоа што Светската фудбалска федерација (ФИФА) не презема ништо конкретно во борбата со расизмот. Темата во последно време е многу актуелна, а својата кулминација ја достигна на натпреварот меѓу Бугарија и Англија во која домаќините ги навредуваа гостите од Велика Британија.

„Цело време се разговара за тоа, но што навистина се случува? Луѓето од ФИФА не се грижат за тоа и затоа сето тоа толку долго трае. Навистина сум лут поради тоа, ме лутат такви ситуации“, изјави Туре. 

Искусниот фудбалер од Брегот на слоновата коска во моментов ги брани боите на кинескиот Чингдао.

Се вчитува...