Туре со „лизгачки старт“: Гвардиола има проблеми со Африканци

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола „често има проблеми со Африканци“, тврди поранешниот играч на англискиот фудбалски шампион, Јаја Туре. Тој го напушти Сити по завршувањето на шампионската сезона и вели дека решил да го ‘разбие митот’ за Гвардиола за кого тврди уште и дека бил „љубоморен“.

„Ние Афрканците не бевме третирани секогаш идентично како што беа другите“ – вели Туре.

Манчестер сити одби да коментира за ваквите обвинувања од интернационалецот од Брегот Слонова коска. Турe во Сити помина осум години, а кога го напушташе клубот по него беше именуван еден од помошните терени.

Пеп Гвардиола му беше тренер на Јаја Туре во Барселона две сезони, а во 2010 година беше продаден во Манчестер сити за 24 милиони фунти.

Туре во Англија освои шест трофеи, но во последната сезона беше стартер само на последниот дуел против Брајтон. Во пресрет на дуелот Гвардиола зборуваше многу пофално за Туре велејќи дека Сити е таму каде што е токму поради неговиот минат труд и дека дуелот со Брајтон ќе му го даде она што го заслужува. Туре одигра 86 минути во последниот дуел од сезоната.

Во минатата сезона Туре беше стартер на 22 дуели под водство на Гвардиола, беше замолен да остане уште една година, но доби минимална шанса.

 

 

 

 

 

 

Се вчитува...