Домаќинот Прилеп и српскиот претставник Дубочица имаат максимален ефект по првите две рунди од турнирот „Миле Нешкоски“ што се одржува во овој град. Прилепчани по вчерашниот триумф над Струга денеска беа подобри и од составот на Скопје, рутински славејќи со 26-20. Ракометарите на Дубочица одиграа уште еден импресивен меч, славејќи со убедливи 35-21 над Струга, па токму Дубочица и Прилеп во утрешниот меѓусебен дуел ќе одлучат која од овие две екипи ќе го освои првото место и ќе се пласира во финалето.
Многу понеизвесно е во втората група, каде фински Кокс по вчерашниот пораз од Мулти Есенс денеска славеше над Пролет со резултат 29-26. Финскиот тим водеше од почеток до крај и заслужено триумфираше, додека во вториот меч од оваа група Мулти Есенс и Еурофарм Пелистер 2 одиграа нерешено, 34-34.
Во последното коло утре ќе се сретнат Пролет – Мулти Есенс и Кокс – Еурофарм Пелистер 2, интересни пресметки кои ќе дадат одговор на прашањето која од овие екипи ќе се пласира во финалето на турнирот закажано за понеделник.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

