Навивачите на Галатасарај приредија вистинско шоу на последниот тренинг на својот тим во пресрет на дуелот со Фенербахче, дополнително мотивирајќи ги своите миленици за големото дерби на турскиот фудбал.
Над 25.000 фанови на Галата се собраа и создадоа неверојатна атмосфера, давајќи им поддршка на своите фудбалери пред еден од клучните натпревари сезонава, што ќе се игра утре со почеток во 17 часот на стадионот на Фенербахче.
Галатасарај по неколку „сушни“ сезони повторно е лидер на табелата во турскиот шампионат со 53 бода, три повеќе од Бешикташ и од Башакшехир, а шест повеќе во однос на Фенербахче.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА