Гостивар го назначи турско-бразилскиот тренер Мерт Нобре за нов шеф на стручниот штаб. Првично како Марсио Нобре, потоа го смени презимето во Мерт, откако доби турски пасош во 2006 година. Нобре ќе го замени Муарем Муарем, кој поднесе оставка од функцијата.
Нобре играше за Фенербахче иза Бешикташ, а потоа настапуваше и за Кајзериспор, Мерсин, Ерзумспор и Генчлебирлиги. Беше дел и од Крузеиро и Парана во својот роден Бразил.
Неговата тренерска кариера почнува во 2019 година, главно како помошник во Беледијеспор, Хатајспор, Алтај, а кратко минува и како прв тренер во Генчерлбирлиги, Алтај и Чорум.
Амбициите оваа година за Гостивар се високи, дури и напад на шампионската титула. Пред два дена Гостивар загуби од Работнички.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА