Македонскиот репрезентативец Енис Барди, најверојатно ќе има нов клуб во зимскиот преоден рок откако Трабзонспор, наводно му соопштил на фудбалерот од средниот ред да си бара нов клуб.
Претседателот на клубот, Агаоглу пред неколку дена рекол дека буџетот за плати ќе биде намален, со што веднаш тргнале шпекулациите околу тоа кој ќе го напушти клубот. Прво разделба со Јусуф Ердоган, а вториот на таа листа ќе биде Енис Барди.
Наводно раководството на Трабзонспор го повикал менаџерот на Барди и му соопштил да бара нов клуб на неговиот клиент.
Барди дојде во турскиот шампион во август минатата година од Леванте за околу 8 милиони евра, но соработката може да трае само шест месеци, и репрезентативецот да си бара нов клуб уште оваа зима, иако неговиот договор истекува во 2025 година.
Trabzonspor’un Enis Bardhi kararıhttps://t.co/sQ1R7BU1w7 pic.twitter.com/Jijyqfo1Wv
— HaberTS (@HaberTScom) January 20, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА