Турскиот голман Бајиндир херој на Јунајтед: Во „луд меч“ со играч помалку, и по пенал-рулет Манчестер го елиминираше Арсенал (ВИДЕО)

Манчестер јунајтед се пласираше во четвртата рунда натпревари во ФА Купот на Англија, откако го шокираше Арсенал по пенал-рулетот славејќи со 5-3. Херој на „црвените ѓаволи“ беше турскиот голман Бајиндир.

Низ максимално интересен натпревар во регуларниот дел и по двете продолженија мечот заврши без предност за било која од екипите, 1-1.

„Црвените ѓаволи“ поведоа со голот на Бруно Фернандеш во 52. минута.

Но, потоа Дало поради груб старт во 61. минута заработи втор жолт картон и исклучување, а тоа го искористија домашните па веќе во 63. минута преку Габриел израмнија на 1-1.

Во 72. минута, Арсенал доби подарок сомнителен пенал, но гостинскиот голман, Турчинот Бајиндир, кој имаше свое извонредно попладне, го одбрани ударот на Едегард од 11 метри.

Бајиндир потоа до крајот на мечот имаше уште неколку извонредни одбрани, успевајќи да го однесе Манчестер јунајтед кон пенал-рулетот.

А, во пенал-рулетот повторно Бајиндир е херој на Јунајтед, успевајќи да го одбрани пеналот на Хаверц, сосема доволно за триумф од 5-3 на составот на Аморим и пласман во следната рунда натпревари.

Се вчитува...