Турскиот Меси: Алиоски ми е најдобриот соиграч во кариерата

Турскиот репрезентативец и член на Фенербахче Емре Мор, беше нарекуван турскиот Меси поради раскошниот талент кој го имаше. На 18-годишна возраст овој играч направи трансфер во Боусија Дортмунд, но мина само една сезона во „милионерите“, а потоа следуваш пад во кариерата и настапи за Селта, Галатасарај, Олимпијакос, Карагумрук и Фенербахче.

Тој беше соиграч со македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски, за кого вели дека му е најдобар соиграч.

-Кој ти е најдобар соиграч во кариерата?

-Алиоски. Да треба да се земам со маж, би се земал со него. И натаму се гледаме“, во смеа одговори Мор.

Двајцата беа заедно во Фенербахче, а потоа Алиоски се врати во Саудиска Арабија, додека Мор во моментов е позајмен на Фатих Карагумрук.

Се вчитува...