Најдобриот хрватски фудбалер на сите времиња, Лука Модриќ ова лето ќе го напушти Реал Мадрид, но добива се повеќе опции за продолжување на кариерата и по заминувањето од „Бернабеу“. Се споменуваа понуди од Саудиска Арабија и од МЛС-лигата, но Модриќ би можел да остане и во Европа.
Последните најави велат дека сериозен интерес за Лука Модриќ покажуваат и Фенербахче и Галатасарај. Германски „Билд“ ги пренесува информациите од турски извори и наведува дека двата познати турски клуба подготвуваат понуда за хрватскиот играч за врска.
Двата клуба наводно се подготвени да му понудат едногодишен договор со опција за продолжување на дополнителна сезона со годишен приход од 3,5 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

