Фенербахче славеше со 84-77 против Олимпијакос во турско-грчката пресметка од 16. коло во кошаркарската Евролигата.
Во крајно неизвесен натпревар пресудна беше третата четвртија која домашните ја добија со 21-13, создавајќи недостижна предност за Грците до крајот.
Најефикасен во победата на Фенербахче беше Јан Весели со 17 поени, дополнети и со пет асистенции, додека кај Олимпијакос се издвои Саша Везенков исто така со 17 постигнати поени.
Жалгирис во повеќе од драматичен натпревар го победи на домашен терен Баерн Минхен со 74-73. Жалгирис имаше негатива од 72-73, но одлучувачките поени ги постигна Мариус Григонис на две секунди пред крајот. Токму Григонис беше најдобриот поединец во редовите на победничкиот тим со 22 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА