Турското „чудо од дете“ ја доби првата понуда од Англија

Турскиот фудбалер Арда Ѓулер (19) минатата сезона не играше многу во Реал Мадрид, но тренерот на „кралевите“ Карло Анчелоти потврди дека одличниот фудбалер е во неговите планови за следната сезона. Сепак, тоа не ги спречува заинтересираните клубови да се обидат да го доведат одличниот играч за врска во своите редови и сега Ливерпул тргна по него.

Иако долго време беше надвор од теренот поради повреда, Арда ја искористи секоја секунда од скромната минутажа што му ја даде Карло Анчелоти минатата сезона и ја воодушеви фудбалската јавност. Пружи и одлична партија на своето деби за Турција на Европските првенства, и постигна прекрасен гол против Грузија.

Многубројни клубови се обидуваат да го искористат тоа што Турчинот не игра многу. Му ветуваат сериозни минути да дојде на позајмица, а некои веќе ја побараа цената од Реал.

Меѓу нив е и тимот на Ливерпул. Англиските медиуми пишуваат дека 19-годишникот е една од главните желби на новиот менаџер Арне Слот. Сепак, тоа се чини дека е невозможна мисија, со оглед дека Реал Мадрид во своите редови има „бисер“ на кого ќе смета во идниот период.

Се вчитува...