Фенербахче ја прекина серијата од три порази во Евролигата откако тимот на Јасикевичиус вечерва во турското дерби славеше над Анадолу Ефес со резултат 84-76. „Сино-жолтите“ се наоѓаа во сериозна резултатска криза во пресрет на овој дуел, но вечерва се прикажаа во вистинско светло, успевајќи да го земат скалпот на големиот ривал.
Првото полувреме донесе израмнета игра, на одмор се замина со водство на Фенербахче од 43-40. Клучната разлика беше направена во финишот од третата четвртина кога проработе шутот од далечина на домашните кошаркари, кои успеаја резултатски да се одлепат. Ефес мораше да заигра побрзо во нападот во обид да се врати, но гостите влегоа во серија грешки, а домашниот тим го искористи тоа, поведе двоцифрено за рутински да го приведе мечот до крај, триумфирајќи со конечни „плус осум“.
Марко Гудуриќ со 17 поени, 7 скокови и 7 асистенции беше клучен играч во победничкиот тим, 17 поени постигна и Биберовиќ, додека прв стрелец кај Ефес беше Брајант со 16 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА