Европскиот првак Фенербахче го доби турското дерби во Евролигата совладувајќи го Ефес Пилсен на домашен терен со 81-70. Тимот на Жељко Обрадовиќ одигра одлична трета четвртина, која ја доби со 11 поени разлика и создаде предност која ја одржуваше до самиот крај.
Јан Весели со 15 поени и Бред Вонамејкер со 14 поени беа носители на играта во составот на Ференбахче на овој меч. Крунослав Симон со 20 поени беше најефикасен на натпреварот, но немаше поддршка од соиграчите во таборот на Ефес Пилсен.
ЦСКА Москва на домашен терен убедливо го совлада Панатинаикос со 81-63. „Армејците“ уште во првиот период создадоа двоцифрена предност и не ја испуштија до самиот крај. Серхио Родригез со 25 поени и Кајл Хајнс со 21 поени го предводеа домашниот тим до триумфот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА