Во првите три меча во кошаркарската Евролига, една победа на гостите, и две на домаќините.
Фенербахче како гостин го доби дуелот со Анадолу Ефес со 83-78. Домашните имаа предност само во првата четвртина, а потоа кога ја презеде контролата, Фенербахче го одведе до крај мечот и до втора победа во Евролигата. Отуру беше најефикасен со 21 поен кај Ефес, додека Колсон беше најдобар кај победничкито тим со 16 поени.
Лион Вилербан со 87-85 успеа да слави триумф над Вирус Болоња. Голема предност од девет поени разлика имаше Лион по првиот период, меѓутоа гостите како одминуваше време ја стигнуваше. Во финишот дури беше и „егал“, но на крајот Французите дојдоа до победата.
Најголемата победа ја постигна Панатинаикос кој со 94-79 го совлада тимот на Баерн Минхен во Атина. Речиси во текот на целиот меч европскиот првак ја имаше контролата на резултатот. Лесорт беше незапирлив со 22 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА