Турција без Кабак на ЕВРО 2024

Турскиот репрезентативец Озан Кабак ќе го пропушти претстојното Европско првенство во Германија поради повреда на коленото, соопшти Турската фудбалска федерација (ТФФ).

Кабак се повреди во првото полувреме на пријателскиот натпревар со Италија (0-0) кој во вторникот се одигра во Болоња. Во соопштението за медиумите се наведува дека турскиот фудбалер ги скинал предните вкрстени лигаменти на десното колено, поради што ќе мора да го пропушти ЕП.

Кабакмоментално е член на Хофенхајм, а за турската репрезентација одигра 26 натпревари.

Европското првенство ќе се одржи од 14. јуни до 14. јули во Германија, а Турција во групата Ф ќе игра со Чешка, Португалија и Грузија.

Се вчитува...