Кошаркарската репрезентација на Турција доживеа голем удар пред самиот настап на Европското првенство. Плејмејкерот Боби Диксон и дефинитивно не успеа да се опорави од повредата и не се најде на списокот на 12 кошаркари на селекторот Уфук Сариџа.
Натурализираниот Американец го повреди колкот на крајот од минатата сезона, и не успеа да се опорави навреме за да биде „фит“ за настап на континенталниот кошаркарски собир, кој утре почнува во Турција. Домаќинот ќе игра во групата Д во Истанбул, и за ривали ќе ги има селекциите на Србија, Летонија, Белгија, Русија и на Велика Британија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА