Репрезентацијата на Турција дојде до четвртата победа на Евробаскетот, откако ја совлада селекцијата на Естонија убедливо со 84-64 во мечот одигран во Рига. Со тоа Турција за момент ќе биде лидер, се додека Србија не го одигра својот меч.
Уште од почетокот на мечот Турците ја презедоа иницијативата, и брзо направија добра разлика, а на паузата меѓу полувремињата водеа со +19. Третата четвртина ја загубија, но далеку од тоа дека немаа контрола на резултатот. До крајот рутински ја задржаа предноста за нова победа на Европското првенство.
Шенгун од репрезентацијата на Турција беше најефикасен со 21 поен, додека Куламае кај Естонија беше најдобар со 16 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

