Одбојкарската репрезентација на Турција ја совлада Белорусија со 3-1 во сетови и го продолжи исчекувањето за Македонија околу пласманот во осминафиналето. Турците со овој триумф веќе визираа место меѓу 16-те најдобри селекции, а утрешниот нивен меч со Финска ќе решава дали Македонија ќе биде дел од осминафиналистите на Европското првенство.
Финска доколку ја победи Турција ќе успее да се протне во осминафиналето наместо Македонија. Дуелот меѓу Турција и Финска е закажан за утревечер (20.30 часот) во „Стожице“, а македонските одбојкари ќе мора да го чекаат исходот за да знаат дали ќе патуваат за Франција во осминафиналната фаза или ќе се вратат дома.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА