Турција славеше со 4-2 над Холандија во првиот натпревар од европските квалификации за пласман на Светското првенство . Бурак Јилмаз со два гола во 15. и 34. од пенал по првото полувреме донесе водство за домаќините од 2-0.
Во вториот дел Хакан Чалханоглу во 46. минута зголеми на 3-0. Лалињата преку Класен во 75. намалија на 3-1, а само минута подоцна Де Јонг постигна гол за 3-2. Сепак, до крајот најдобриот играч на натпреварот Бурак Јилмаз со прекрасен гол од слободен во 81. минута ги постави конечните 4-2. Мемфис Депај во 94. минута не успеа да реализира пенал за Холандија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА