Ракометната репрезентација на Турција направи големо изненадување откако успеа да ја елиминира Романија во првиот бараж за Светското првенство кое што ќе се игра на почетокот на следната година.
Откако Романците славеа на првиот меч во Турција со 32-37, се очекуваше вечерва на домашен терен да ја завршат целата работа. Сепак, Турците не сметаа така и со победа од 31-37 успеаја да се пласираат во вториот бараж.
Сепак, Турците ќе имаат тешка работа во баражот бидејќи за противник ќе ја имаат Норвешка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

