Турција обезбеди финален бараж за Мундијал (ВИДЕО)

Селекцијата на Турција ќе игра во финалниот бараж за пласман на Светското првенство, откако во полуфиналето ја совлада Романија со минимални 1-0.

Стрелец на единствениот гол беше Кадиоглу на стартот од вториот дел, во 53. минута од средбата. Кадиоглу доби топка од Гулер, и добро се снајде во шеснаесетникот, го совлада Раду и донесе голема радост.

До крајот на средбата Романците не успеаја да израмнат и да го однесат мечот во продолженија. Ова беше и последен меч во кариерата за Мирчеа Луческу.

Турција во финалето ќе игра со подобриот од дуелот Словачка – Косово.

Се вчитува...