Турција последен патник во 1/4 финалето, ја елиминираше Австрија (ВИДЕО)

Турција можеби го направи најголемото изненадување во 1/8 финалните натпревари, и ја елиминираше Австрија, која меѓу најдобрите 16 отиде како првопласирана во својата група. Турците со исти два гола, асистенции од корнер на Гулер, и голови на Демирал, успеаја да победа, и да влезат меѓу најдобрите осум европски селекции.

Турците уште во 57. секунда поведоа. Гулер изведе корнер, а грешката и конфузијата во одбраната ја искористи Демирал, кој со силен шут ја „скина“ мрежата на Пенц. Австрија веднаш врати со две шанси, но промена на резултатот немаше до крајот на полвуремето.

Австрија тргна на се или ништо, нападна да израмни, и во миговите кога имаше шанси и игра, Турција повторно ги шокриаше. Гулер изведе одново корнер, овој пат директно до главата на Демирал кој скокна највисоко и го совлада Пенц. 

Сепак, успеа да се врати Австрија преку Грегорич кој успеа да намали исто преку изведен корнер во 66. минута. Имаше уште 30 минути, но Австрија немаше сила да дојде до израмнување. Се обидуваше со високи топки, имаше и шанси, меѓутоа мрежата на Гунок остана нечепната. Фантастична одбрана на голманто ан Турција Гунек во 95. минута за израмнување на Австријците. Така Турција на крајот се радува на пласман во 1/4 финале.

Се вчитува...