Турција со пресврт во вториот дел ја победи Шведска и се пласираше во 1/4 финале

Турската кошаркарска репрезентација е првиот четвртфиналист на Евробаскетот откако потешко од очекувањата ја совлада селекцијата на Шведска со 85-79.

Швеѓаните изненадувачки имаа водство на полувремето со +5, но клучниот момент го направија во третиот период, кој го добија со 26-13, и предноста ја задржаа до крајот, и покрај тоа што последната четвртина ја добија Швеѓаните, но немаа сили за изненадување.

Шенгун беше најефикасен со 24 поени, а на тоа додаде 16 скока. Осман со 17 беше втор стрелец. Кај Шведска Хакансон со 16 бодови најефикасен.

Турција во 1/4 финалето ќе игра со подобриот од дуелот Полска – БиХ.

Се вчитува...