Турција со сериозна предност против Унгарија на патот кон А-дивизијата во Лигата на нации, Грузија убедлива со Ерменија (ВИДЕО)

Во двомечот за пополнување на местата за А-дивизијата во Лигата на нациите следната сезона, Турција славеше убедливо со 3-1 во првиот натпревар против Унгарија, па со сериозна предност ќе патуваат на „Пушкаш арената“ во Будимпешта за три дена.

Турците поведоа на мечот со голот на Кокчу уште во 9. минута, а Шефер израмни во 25. минута.

Потоа, во вториот дел, Актуркоглу во 69. минута повторно ја врати предноста за Турците, а Кавечи во 73. минута заокружи за конечни 3-1.

Во првиот меч, пак, за место во Б-дивизијата од Лигата на нациите на УЕФА, Грузија убедливо со 0-3 славеше на гостувањето против Ерменија, па веќе е јасно дека и следната сезона ќе биде во Б-дивизијата, бидејќи се очекува реваншот во Тбилиси да биде само формалност.

Се вчитува...