Oдбојкарската репрезентација на Турција во трилер меч во пет сета славеше над Кина со 3-2 (23-25, 25-21, 26-24, 21-25 и 15-12) и се пласираше во полуфиналето на женскиот одбојкарски турнир на ЛОИ во Париз.
Кина подобро го отвори натпреварот. Имаше водство во текот на целиот прв сет, и иако Турчинките успеаја да го внесат во неизвесна завршница, сепак Кина успеа да слави со 25-23 и да поведе со 1-0.
Турчинките возвратија во следните два сета и со сигурна игра поведоа со 1-2. Кина одигра подобро во четвртиот сет и успеад да израмни на 2-2 и да го одведе мечот во одлучувачкиот тај-брејк. Таму подобра беше Турција која славеше со 15-12 и се пласираше во полуфинале.
Во полуфиналето тие за противник ќе го имаат подобриот од мечот меѓу Италија и Србија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА