Турската фудбалска јавност и секако пред се навивачите на Фенербахче се бесни на хрватскиот репрезентативен голман Доминик Ливаковиќ, кој не ги оправда очекувањата по пристигнувањето во клубот ова лето. Тој на 17 натпревари прими 16 гола, што е многу според аналитичната турска јавност.
Аналитичарите истакнуваат дека не заслужува да има место во првиот тим на Фенербахче по очајната форма. Се очекуваше и синоќа да биде резерва на дуелот против Лудогорец во Конференциската лига, но тоа не се случи.
Па, прими два гола, првиот во 18. минута со шут од повеќе од 25 метри на противникот кој предизвика бура критики во Турција.
„Ливаковиќ погреши при тој гол… Ливаковиќ е токму тоа. 30-годишен репрезентативен голман кого ниту еден клуб не сака да го земе. Интерес немаше ниту кога бранеше добро на Светското првенство. Па, потоа се наоѓа Фенербахче кој се прави ‘паметен’ и го носи во клубот“ – пишуваат турските медиуми.
Фенер го донесе Ливаковиќ за 6,6 милиони евра од Динамо Загреб.
„Воопшто немаше потреба да се даваат толку пари за Ливаковиќ. Па, која е разликата меѓу него и Алтај? Тој прима гол по секој шут од далечина, тоа е неверојатно и неприфатливо за голман за кого сте дале толку пари“ – пишува и турскиот новинар, Гохан Динџ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА