УЕФА одлучи Европското првенство 2024 да се одржи во Германија. На тајното гласање во УЕФА, Германците ја добија кандидатурата со 12 гласа наспроти четири кои заминаа за противкандидатот Турција.
Турците и четврти пат по ред останаа без организација, што наиде на силен револт…
„Оваа одлука е за жалење. И покрај извонредниот проект и целата моќ нашата земја не доби организација на ЕП. Но, може да порачаме дека ние како земја не губиме апсолутно ништо, но губи Европа и оние кои повторно нема да го почувствуваат нашето гостопримство“ – истакна турскиот министер за спорт, Муарем Касапоглу.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА