Турскиот репрезентативец Мерих Демирал ќе го пропушти четвртфиналниот натпревар против Холандија, а и можното полуфинале на Европското првенство во Германија поради суспензија од два натпревари за скандалозна прослава на натпреварот против Австрија.
Челните луѓе во турскиот фудбал остро ја осудија оваа одлука на УЕФА велејќи дека таа е пристрасна и неприфатлива, со цел да му се наштети на турскиот фудбал.
„Суспензија за природна прослава по завршен натпревар на турнир кој тече глатко е интервенција без зависност за фудбалот. Нашиот фудбалер искажа природна радост со турските навивачи во еден среќен момент. Тука нема елементи со кој може да се повреди некој противник или пак некоја заедница… Оваа грешка мора да се исправи додека не е доцна“, напиша на социјалните мрежи членот на извршниот одбор на УЕФА и воедно кандидат за претседател на на турксата федерација, Сервет Јардимчи.
„Ја осудуваме неправедната и пристрасна одлука на УЕФА за која веруваме дека нема правна основа и во целост е политичка. Ќе продолжиме да ги бараме нашите права по правен пат против овие двосмерни одлуки кои се применуваат на нашата држава и на нашата фудбалска репрезентација“, вели турскиот министер за младост и спорт, Осман Ашкин Бак.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА