И покрај тоа што германските медиуми соопштија дека Мерих Демирал добил два меча суспензија од УЕФА поради политичкиот гест при прославата на головите постигнати против Австрија, од Турската фудбалска федерација информираат дека сето тоа не е точно.
Турците тврдат „Билд“ пренел лага затоа што УЕФА се уште не ја завршила истрагата, а Турската фудбалска федерација до денеска треба да ги изнесе своите аргументи против евентуалната казна.
Демирал головите против Австрија ги прославуваше покажувајќи го контроверзниот „волчји поздрав“ кој е имбол на турските десничарски есктремисти кои веруваат во супериорна турска раса и обединување на сите турски народи во една држава, односно создавање на царство од Балканот па се до Кина.
„На симболите на турските десничарски екстремисти не им е место на нашите стадиони“ – изјави пред два дена и германската министерка за внатрешни работи, Ненси Фаесер.
И покрај демантите од Турците, сепак, поголемиот дел европски медиуми веруваат дека информацијата на „Билд“ за суспензија на Демирал е точна затоа што УЕФА е решена да не дозволи без казна да минат такви политички гестикулации.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА