Турската фудбалска репрезентација во сензационален натпревар успеа да слави со 2-1 против Чешка за место во осминафиналето на Европското првенство, на големо задоволство на сопствените навивачи, но во ист момент успеа и да го разбесни домаќинот на шампионатот.
Причината за тоа е што за одлучувачкиот натпревар од кампот во Хановер, до стадионот во Хамбург кој е оддалечен само 132 километри, турската репрезентација отпатува со авион, што според организаторот на турнирот е неодговорно и нееколошки, поготово земајќи го во предвид фактот дека Германците го промовираат Европското првенство како најеколошки одржливото првенство во историјата.
Овој потег на Турците предизвика лавина на реакции во германската јавност. Според Рене Шварц од граѓанската иницијатива за намалување на оштетувањето во воздухот тоа е апсолутно неприфатливо.
„Тоа е апсолутно неприфатливо. Во Хамбург до стадионот не смеете да се возите ни со електрични автомобили па навивачите користат јавен превоз, а репрезентацијата на Турција на ваква кратка релација се вози со авион“, изјави Шварц.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА