Турците одлучија: Првенството продолжува на 19 декември

Викендов во Турција нема да се играат фудбалски натпревари, но шампионатот на оваа земја ќе продолжи на 19 декември, беше одлучено денеска.

Како што е веќе добро познато, првенството беше суспендирано по огромниот инцидент на дуелот меѓу Анакрагучу и Ризе, откако претседателот на домашниот тим го нокаутираше главниот судија, кој заврши во болница. Судијата Халил Умут Мелер денеска беше пуштен од болница, а првиот човек на фудбалската федерација, Мехмет Бујукекши, попладнево ја обелодени одлуката за продолжение на првенството на 19 декември.

„Сите лиги ќе продолжат во вторник, 19 декември. Главна мисија ни е да го ставиме фудбалот на прво место, но и да ги заштитиме сите оние кои се дел од фудбалот. Она што се случи на мечот Анкарагучи – Ризе е неприфатливо, нема простор за вакво однесување на фудбалските терени ширум Турција. Ќе покажеме нула толеранција за сите вакви инциденти и сторителите ќе бидат соодветно санкционирани“, изјави Бујукекши.

Претседателот Анкарагучу беше уапсен од полицијата по големиот инцидент, а неколку часа подоцна тој си поднесе оставка од функцијата во клубот.

Се вчитува...