Турците размислуваат веќе во јули да ги вратат и навивачите на фудбалските стадиони

Турската фудбалска федерација донесе одлука прекинатиот домашен шампионат да продолжи на 12.јуни. Сепак главната информација која доаѓа од Турција е дека Федерацијата размислува и за тоа публиката да се врати на стадионите веќе во јули ако тоа го дозволуваат условите.

„Наша цела е да ја завршиме сезоната во спротивно ќе бидеме во големи проблеми. Ќе има чести тестирања и на играчите и на помошниот персонал. Ако некој е позитивен ќе го ставиме во карантин и продолжуваме по нашиот пат. На почеток секако ќе играме без навивачи. Но, ако овозомжат условите, би сакале веќе во јули да имаме и публика на стадионите. Секао тоа ќе зависи од состојбата во коронавирусот, но Турција е држава која одлично се справува со кризата“ – вели во интервју за „CNN Turk“ претседателот на Турската фудбалска федерација, Нихат Оздемир.

Во Турција битката за титулата е екстремно израмнета. Трабзон и Башакшехир се израмнети на врвот со по 53 бода по 24 кола. Во Турција досега има околу 150.000 заразени со коронавирусот, а починаа нешто повеќе од 4.000 лица.

Се вчитува...