Турците решија: Фудбалот продолжува во јуни

Турското фудбалско првенство најдолго одолеваше на предизвиците на светската пандемија на коронавирусот. Најсилната лига издржа речиси најдолго во Европа и беше прекината по 26. коло.

Иако Турција уште е во лоша фаза на вирусот и има околу 110.000 заболени и над 2.000 починати лица, Здружението на суперлигашите донесе одлука шампионатот да продолжи во викендот 12-14 јуни.

„Привремената одлука е првенството да продолжи во перидот од 12 до 14 јуни“ – изјави претседателот суперлигашкото здружение, Мехмед Сепил.

Турција засега е третата држава по Германија и по Полска која најавува враќање на шампионатот.

Се вчитува...